25 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЧелзи пријави загуба од 57 милиони евра

Челзи пријави загуба од 57 милиони евра

chelsea

Раководните луѓе на премиерлигашот Челзи објавија годишна загуба од 57 милиони евра, но објаснија дека ваквиот финански биланс ќе биде во рамките на правилата на УЕФА и со тоа нема да биде прекршен финансискиот фер-плеј.

По објавувањето на овој извештај, клубот од „Стемфорд Бриџ“ веќе цела деценија по доаѓањето на рускиот милијардер Роман Абрамович пријавува финансиски загуби.

Како најголема причина за годинава се наведува минатогодишното испаѓање од Лигата на шампионите уште во раната групна фаза.

Сепак од Челзи информираат за остварен приход од 256 милиони фунти, сума со која е достигнат рекордот.

УЕФА претходните четири години на клубот од Лондон му прифати загуба, најпрво од 45 милиони евра, а последниве три години од по 30 милиони евра, така што разликата ќе треба да биде платена од сопственикот на клубот, Роман Абрамович.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП