23 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОДортмунд го реши проблемот - Коста го менува Левандовски!?

Дортмунд го реши проблемот – Коста го менува Левандовски!?

costa_lewan22

Договорот на полскиот репрезентативец истекува во јуни и најверојатно тој ќе си замине од клубот без обесштетување, но Борусија веќе се подготвува за неговата замена.

25-годишниот Диего Коста веќе некое време е на листата на желби на Челзи и Арсенал, а според најновите информации и Борусија Дортмунд е заинтересирана за неговите услуги.

Оваа сезона Коста игра во неверојатна форма, а во сите натпреварувања постигна 23 погодоци на 22 натпревари, па поради тоа и не е чудно што го бараат вакви гиганти.

Во неговиот договор постои клаузула со која секој што ќе плати 34 милиони фунти може да го одведе од „Каледерон“, па поради тоа не треба да се очекува дека тој уште долго време ќе биде член на „јорганџиите“.

Решение за нападот бараат и Жозе Мурињо и Арсен Венгер, па ќе биде интересно да се види во кој клуб натурализираниот Шпанец ќе ја продолжи кариерата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП