24 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАИстакнете ги вашите вештини на новото работно место

Истакнете ги вашите вештини на новото работно место

Business Team Diversity

Честа пракса на работодавците е да примаат вработени на пробен временски период од неколку месеци, пред да ги вработат на неопределено време. Во овој пробен период се прави проценка на интересот и компетентноста на вработениот.

За да обезбедите договор на неопределен временски период, искористете го пробниот рок за да се докажете и да ја оправдате довербата што ви е дадена. Тоа најлесно може да го постигнете со неколку основни правила.

 

Доаѓајте на работа секогаш на време

Не каснете, дадена ви е можност која треба да ја искористите. Покажете колку сте сериозни и одговорни. Не гледајте во часовникот, дури и ако се досадувате не го покажувајте тоа. Најдете некоја занимација, но тоа нека не биде приватен бизнис. Прашајте ги колегитe дали имаат некоја несредена архива или заостанати работи кои може да ги решите.

 

Слушајте и учете

Слушајте внимателно се што ви кажуваат и впивајте нови знаења и информации. Ако не разберете нешто, повторно прашајте. Од вработените се очекува да прашуваат, но не и да прават грешки. Во односот со своите колеги, разгледајте како вашите колеги се однесуваат едни кон други. Обидете се да не воведете промени, и доколку не ви се допаѓа нешто, не се обидувајте да го приметат тоа. Треба да се обидете да ги разберете непишаните правила на однесување, кои ги има скоро во сите компании.

 

Покажете ентузијазам

Покажувајте ентузијазам спрема било која задача што ќе ја добиете. Критиките примајте ги внимателно, со благодарност, и никогаш не ги сваќајте лично. Однесувајте се со сите колеги на работа љубезно и со почит. Без оглед на тоа дали се работи за незадоволни колеги, клиенти и др.

 

Бидете флексибилни

Прифатете ги сите задачи кои ви се доделени, дури и оние кои не се наменети за вашата работа. Покажете дека сте подготвени да вложувате дополнителен напор во случај на голем обем на работа.

 

Сите задачи сваќајте ги сериозно

Прашувајте до кога задачите треба да бидат завршени. Ако мислите дека можете да ги завршите задачите на време, направете го тоа што побрзо, не чекајте до последен момент. Доколку неможете да стигнете, објаснете им на своите претпоставени зошто. Обидете се да ги утврдите чекорите кои ќе морате да ги направите.

 

Бидете тимски играч

Не се натпреварувајте со своите колеги, туку соработувајте со нив заеднички за да постигнете добри резултати.

 

Давајте се од себе

Ако работите напорно, ја исполнувате својата квота и си ја завршувате работата, ќе ја заслужите довербата и почитта од секој надреден.

 

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП