20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо октомври просечната нето-плата 21.247 денари

Во октомври просечната нето-плата 21.247 денари

parinja

Во октомври годинава просечната месечна исплатена нето-плата по вработен изнесувала 21.247 денари, а просечната исплатена бруто-плата 31.228 денари.

Според податоците на Државниот завод за статистика, просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во октомври 2013 година, во однос на истиот месец лани е зголемена за 1,1 отсто.

Тоа пред се се должи на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во секторите: Градежништво за 7,4 отсто, Транспорт и складирање 6,5 и Рударство и вадење на камен 4,7 отсто.

Зголемување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Уметност, забава и рекреација за 7,2 отсто, Рударство и вадење на камен 5 и Градежништво 3,3 отсто.

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во октомври 2013 година, во однос на октомври 2012 година пораснала за 1 отсто.

Порастот се должи на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Градежништво 7,1 отсто, Транспорт и складирање 5,8 и Рударство и вадење на камен 4,9 отсто.

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Уметност, забава и рекреација за 7 отсто, Рударство и вадење на камен 5,7 и Градежништво 2,6 отсто.

Во октомври 2013 година, 1,3 отсто од вработените во Република Македонија не примиле
плата. в

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП