24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОва ќе биде најголемата европска сила

Ова ќе биде најголемата европска сила

vb123fr12

Велика Британија до 2030 година од Германија ќе ја преземе титулата за најголема европска економија, смета лондонскиот Центар за економски и бизнис истражувања (CEBR).

Центарот наведува дека растот на популацијата во Велика Британија значително ќе придонесе за економското забрзување на оваа земја, пренесува Би-Би-Си, кој претходно овој месец наведе дека британската економија наредната година ќе ги надмине максималните резултати кои ги оствари пред почетокот на рецесијата.

Во својот годишен извештај „Светска економска лига“, во кој се рангирани економиите и се прогнозираат нивните идни позиции, CEBR  исто така наведува дека Кина ќе ги надмине САД во 2028 година, односно малку порано во однос на предвидувањата на некои аналитичари.

CEBR додава, дека покрај растот на популацијата, за британската економска експанзија ќе придонесе и помалата зависност од другите европски економии, како и релативно ниските даноци во однос на европските стандарди.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП