23 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПовршините со нелегални ГМО посеви во Русија е околу 400 илјади хектари

Површините со нелегални ГМО посеви во Русија е околу 400 илјади хектари

GM

Површината на посеви со генетски-модифицирани култури во Русија е околу 400.000 хектари, изјави синоќа раководителот на Рускиот сојуз за жито, Аркадиј Злочевскиј на средба со новинари.

Според него, посевите се шират вон контрола многу брзо, а на околу половината од тие посеви е засадена пченка.
– ГМО на нашите полиња оди со чекори од седум милји.

Притоа систем за контрола на генетски изменети растенија во Русија не постои.

Проблемот може да го реши само неодамна усвоен владин декрет кој регулира регистрација на генетски модифицирани семиња, вели Злочевскиј.

– Регистрацијата на ГМО семиња подразбира регистерот да содржи информации за тоа како и на кое место е изменет генетскиот код на растението, објасни тој и доадде дека откривањето на тие промени во руските регионални лаборатории се одвива многу тешко.

Одлуката на Владата стапува на сила од јули идната година, а документот подразбира формирање регистер на модифицирани растенија.

Сегашното комерцијално одгледување ГМО култури е официјално забрането.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП