29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПрва демонстративна фарма за високомлечни овци асаф

Прва демонстративна фарма за високомлечни овци асаф

ovci

Во светиниколското село Ерџелија денеска ќе биде промовирана првата демонстративна фарма за високомлечни овци од расата асаф.

Грлата, вкупно 279, се увезени минатата недела од Шпанија. Здравствено се заштитени и превентивно третирани.

Согласно законските прописи, ставени се во карантин каде што ќе останат еден месец. Одгледувањето ќе биде шталско за што се прави посебен систем за автоматско измолзување.

Се очекува високомлечните овци за неколку години да го подобрат генетскиот потенцијал, а со тоа и сегашниот, во споредба со оваа раса симболичен годишен просек на млеко по грло овца од околу осумдесеттина литри.

Ќе се зголеми и продукцијата на јагне која сега изнесува 1,2 отсто. Како што информира Агенцијата за храна и ветеринарство, повикувајќи се на експерти, асаф овците кои првпат се внесуваат во земјава, засега добро се адаптираат на климатските услови.

Регионот Наваро од каде што потекнуваат, има слични климатски услови со македонските, а се работи и за раса со многу добри адаптивни способности за полуекстензивно одгледување.

Асаф расата е добиена со вкрстување на овците аваси и источно-фризиската млечна раса што се покажа како најдобра комбинација по неколкудецениските испитувања извршени во 1955 година од Израелската земјоделска организација (А.Р.О) првенствено заради подобрување на плодноста на аваси расата.

Иако станува збор за високо млечна раса овци, голем број високоразвиени сточарски земји ја имаат прифатено асаф и поради добрите одлики како месна раса.

Досегашната пракса и науката во Шпанија и Потругалија потврдиле дека асаф до 2005 година во лактациски период од 200 до 270 дена дава над 500 литри млеко по грло и 1,5 до 1,7 јагниња годишно.

Со селекција, сегашната продуктивна способност е уште поголема.

Фармата во Ерџелија е прва со овци од расата асаф во Македонија. Има капацитет за 1.000 грла и, според плановите, ќе биде прва демонстративна фарма за оваа раса.

Ќе ја промовира директорот на Агенцијата за храна Дејан Рунтевски.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП