24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШпанија ги намалува даноците

Шпанија ги намалува даноците

shpanijashpashpa1

Шпанскиот министер за финансии Кристобал Монторо изјави дека владата во Мадрид планира да го намали данокот на приход за семејствата со ниски приходи во следната година.

Според министерот, тоа нема да важи за побогатите се додека земјата не излезе од криза.

Монторо во своето интервју во еден деловен весник не наведе колку ќе биде намален данокот, ниту за кое ниво на приходи важи оваа нова мерка.

Администрацијата на премиерот Маријано Рахој предвидува дека шпанската економија ќе забележи раст од  еден процент во 2014 година, по рецесијата во претходните години, изјави Монторо.

Рахој откако дојде на власт во 2011 година спроведе мерки за штедење со зголемување на даноците и намалување на трошоците со цел да се намали дефицитот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП