29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРегионален центар на Платежната агенција во Штип

Регионален центар на Платежната агенција во Штип

zemjodelie

Трибина во рамки на новиот проект „Отворени денови на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Агенцијата за храна и ветеринарство и Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството“, ќе се одржи денеска во Штип.

Целта е на директна средба со земјоделците и бизнис заедницата да се дискутира за можностите и поволностите кои ги нудат програмите за финансиска поддршка во земјоделсвото и руралниот развој.

Отворените денови завршуваат во февруари 2014 година. Предвидуваат интензивни посети на општините во Македонија за поголема информираност на земјоделците и интензивно искористување на средствата од финансиската поддршка што се дава.

Планирано е да се отворат и регионални центри на Агенцијата за финансиска поддршка во осумте плански
региони од кои првиот ќе биде отворен утре во Штип.

На трибината ќе присуствуваат директорите на трите агенции, Тони Димовски, Дејан Рунтевски и Игор Златков.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП