25 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВисоката клаузула за Педро ги одбива Ливерпул и Арсенал

Високата клаузула за Педро ги одбива Ливерпул и Арсенал

pedroo

Арсенал и Ливерпул покажуваат интерес кон напаѓачот на Барселона, Педро Родригес.

„Дејли Меил“ објави дека „топџиите“ и „црвените“ ја разгледуваат можноста за привлекување на 26-годишниот шпански фудбалер кој е незадоволен од минутажата која ја добива во Барселона.

Договорот на Педро со „каталонците“ е до 2016-та година, а точката за предвремено раскинување на договорот е 125 милиони фунти. Токму оваа клаузула ги тера Арсенал и Ливерпул во оваа фаза само да сонуваат за клубскиот колега на Меси и Нејмар.

Во оваа сезона 26-годишниот Педро во дресот на Барселона настапи на 16 натпревари од шпанското првенство во кои постигна 10 гола.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП