19 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕШест чувари на имунитетот

Шест чувари на имунитетот

Намирници за кои одамна се знае дека помагаат во јакнење на организмот се мед, лук, агруми, овошје и зеленчук, јогурт и чоколадо.

Ако имунитетот го сфатиме како способност да се избориме со секој вид на болест, тогаш здравите животни стилови претставуваат најдобар штит.

Со оглед дека храната со одреден состав ги јакне одбранбените сили, називот кој се користи за таквиот тип исхрана е имунонутриционизам.

Стресот, настинките, нездравата животна средина, пушењето, алкохолот, гладувањето, недоволно сон, премногу интелектуална и физичка работа, се само некои од причините кои негативно влијаат на имунитетот.

Знаците и симптомите кои исто така укажуваат дека постои несоодветна функција на овој заштитен систем се упорни, повторувачки, најчесто вирусни или бактериски инфекции, реакција со инфекција на вакцинација…

За да ја подобриме одбраната на организмот од болести, експертите советуваат избегнување психоактивни супстанци и психофизичко исцрпување, а на имунитетот лошо влијае и претерувањето во храна и пијалаци.

Секоја инфекција треба да се сфати сериозно и да се побара лекарска помош.

Исто така, во редовни периоди треба да се оди на систематски прегледи, за да навреме се дијагностицираат евентуални тешки заболувања, да се пропише терапија и на тој начин максимално да се зачува имунолошкиот систем.

За одбраната на организмот од вируси и бактерии биде ефикасна, треба секојдневно да одвоите 30 минути за физичка активност, да јадете умерено и внимателно да бирате намирници, доволно да се одмарате и квалитетно да спиете.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП