28 март, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕПобедете го воспаленото грло со аспирин

Победете го воспаленото грло со аспирин

jesenje

Студеното време значи дека пред нас е сезона на настинки и грип. Иако можат да биде вирусна или бактериска, еден од најчестите симтоми на настинката е фарингитис или воспаление на грлото.

Воспаление на грлото (фарингитис) може да биде болна и иритирачка придружна појава на настинката, а има многу начини со кои можете да ја ублажите.

Истражувачите од Универзиетот во Кардиф препорачуваат едноставно правење гаргара со обична вода со
растопен аспирин.

Не само што земањето аспирин може да помогне кога имате зголемена температура, кога ве боли главата, мускулите, туку оваа редовна практика може да го намали вашиот ризик од заболување на сите облици на рак на кожата – вклучувајќи го и најсмртоносниот меланом или ракот на јајници.

Сега лекарите на овој попис на здравствени придобивки на оваа таблета го додадоа и ублажувањето на воспалението на грлото. Имено, аспиринот е аналгетик, што значи дека ги ублажува болките и на тој начин не спасува од воспаление на грлото.

Едноставно истопете две таблети аспирин во обична вода и правете гаргара, но немојте да го проголтате.

Велшките истражувачи тврдат дека симптомите на воспаление на грлото ќе исчезнат за два часа, а овој корисен ефект ќе се задржи подолго од шест часа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП