19 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСколари: Немаме право да мислиме на ништо друго освен на титулата

Сколари: Немаме право да мислиме на ништо друго освен на титулата

Soccer - Luiz Felipe Scolari File Photo

Селекторот на бразилската фудбалска репрезентација Луис Фелипе Сколари очекува победа на претстојното Светско првенство.

– Многумина не ми веруваат дека Бразил ќе биде шампион, но ние играме дома и немаме право да мислиме поинаку од освојување на трофејот, изјави Скоплари.

Бразилскиот селектор списокот од 45 го скрати на 25 фудбалери кои ќе играат на Мундијалот 2014.

– Првично, на листата на кандидати за настап на Светското првенство имаше 45 имиња. Сега
постојат 25. Се наоѓам пред тежок избор, но сум среќен со конкуренцијата и квалитетот што
го имаат моите фудбалери. Секој од нив има многу постигнато во клубот каде што игра и се
надевам дека тоа не е нивна граница. Сепак оставам простор и за некое ново име, бидејќи
постојано ги следам игрите на потенцијалните репрезентативци.

„Кариоките“ имаат пет шампионски титули од најголемите светски фудбалски собири.

На СП 2014 што ќе се одржи во нивната земја, Бразилците во групата во првата фаза за противници ги имаат Хрватска , Мексико и Камерун.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП