20 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕ9 спортови за ментално здравје

9 спортови за ментално здравје

mentalno-zdravlje-490x306

Овие физички активности имаат позитивно влијание врз вашата психичка состојба и врз вашето ментално здравје

Џогирањето е одлично за кондицијата, но и за координацијата на движењето. Бидејќи најчесто џогирањето се обавува на отворено, вие можете сами да си го изберете теренот и местото.

Пливањето целосно опушта, бидејќи целото тело е опкружено со вода, вие чувствувате постојана стимулација на кожата. Со оваа активност вие уживате во секоја положба, а секој ваш потег активира нова група на мускули.

Возење ролери: тука најважна е рамнотежата и чувството за ритам, одличната коцентрација и добрите рефлекси. Во зимскиот период не е толку популарно, но лизгањето на мраз може да биде одлична замена. Возењето на ролерки или лизгалки ја подобрува кинестезијата – забележувањето на ситните детали.

Шетање или брзо одење: овие активности ја подобруваат координацијата на движењето. Поради тоа што најчесто се прават надвор, сите сетила се подобрени. И покрај тоа што мозокот не е оптеретен премногу, бидејќи пешачењето е генетски утврден систем на движење, сепак ова е многу добро за телото и мозокот.

Возење велосипед: одличен спорт за издржливост, со кој се вежба рамнотежата, но и способноста за координирање на движењето. Не возете секогаш по истиот пат, променете го патот за да бидете принудени да го зголемите нивото на концентрацијата.

Аеробик: кај сите видови на аеробик, не само што се вежба издржливоста и држењето на телото, туку и активноста, координацијата, чувството за ритам и ориентацијата во просторот.

Искачување: при искачувањето телото изведува потези кои ни се вродени. Но иако тоа е така, тука се вклучени повеќе групи на мускули, односно вклучен е цел еден „функционален ланец“ на мускули кој е управуван од мозокот. Со постојаното повторување на оваа активност се вежба и чувството за допир, силата, но се вежба и мозокот.

Танци: стандардни, латино, хип хоп, или салса се одлични вежби за мозокот. Тука доаѓа до исклучитна координација на движењата и издржливоста. Дополнително се вежба флексибилноста на мускулите. Со помош на музика се вежбаат и чувствата за ритам, брзината, и способноста за брзи реакции.

Брзо одење на скии: ова е идеална вежба за издржливост, со која се вежба целото тело. Одењето на скии по снег е стимуланс за мозокот, бидејќи во исто време мора да имате координација на движењето, ритамот и рамнотежата но и ориентација во просторот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП