20 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМарковиќ и Матиќ во фокусот на „сините“

Марковиќ и Матиќ во фокусот на „сините“

lazar-markovic

Челзи подготвува двоен удар. „Сините“ имаат во план во своите редови да го доведат дуото од Бенфика, Лазар Марковиќ и Немања Матиќ, пишува англиското издание „Мирор“.

Според последните информации „лисабонските орли“ се подготвени да ги продадат двајцата фудбалери на тимот од Лондон, доколку двете екипи се договорат за трансферната сума.

Уште вчера се зборуваше за големиот интерес на Челзи кон Марковиќ, претпоставувајќи дека Бенфика сака да добие 12 милиони фунти за српското крило.

Во Португалија веќе се зборува дека „сините“ веќе преговараат со Бенфика за привлекување на 19-годишниот млад играч.

nemanja matic ss

Другиот фудбалер кој Челзи сака да го доведе во своите редови е Немања Матиќ, кој пред извесно време беше дел од клубот, но не успеа да се наметне во него.

Од Бенфика ќе бидат задоволни ако земат 20 милиони фунти за Матиќ, откако тимот испадна од Лигата на шампионите.

Португалците се соочуваат со финансиска криза, па поради тоа може да продадат некои од клучните фудбалери за да може тимот да ја подобри финансиска ситуација.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП