20 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕШтетното влијание на антибиотиците

Штетното влијание на антибиотиците

antibiotici1

Антибиотиците помогнаа многу за здравјето на луѓето во изминатите децении, но нивната раширена употреба направи отпорноста на антибиотици да биде една од трите најголеми закани по здравјето на луѓето, смета Светската здравствена организација.

Научниците ги загрижува тоа што колку повеќе се користат антибиотиците, толку помалку се делотвoрни. Генетските промени кај бактериите ги прават отпорни на бактериите и тоа е природен процес, но истиот е интензивиран со преголема употреба на антибиотици. Др. Доналд Порец вели дека отпорните бактерии може да водат до појава на некои сериозни заболувања.

„Еден од примерите се исклучително отпорните бактерии во уринарниот тракт, како и инфекциите на кожата и белите дробови предизвикани од резистентни бактерии. Потоа има и многу посериозни проблеми како што е туберкулозата во многу делови од светот. На заболените им биле препишувани разни медикаменти како третман против туберкулоза и нејзините бактерии развиле отпорност“, предизвикува др.Порек, експерт за инфективни болести.

Др. Ентони Фаучи од Националниот институт за алергии и инфективни болести вели дека фармацевстките компании се водат од профитот, ограничувајќи го производството на антибиотици. „Ако сметаат дека има простор за производ кој многу луѓе ќе го земаат до крајот на животот, на пример за намалување на мастите во крвта, тие тоа ќе го направат наместо да создадат нов производ кој релативно мал дел од популацијата ќе го користи можеби 10 до 14 дена годишно“.

Стручњаците сметаат дека дел од решението е информирање на пациентите и докторите да не користат антибиотици кога истите не се неопходни. Тие му помагаат на човековото тело да ја преброди настанатата инфекција, бактерија или вирус, но исто така и ги уништуваат живите организми во телото и на тој начин го намалуваат нашиот имунитет. По терапијата со антибиотици, на организмот му е потребен поголем временски период за комплетно да се обнови, а во тој процес телото е повеќе подложно на зарази, вируси, инфекции и бактерии. Значи колку што ни помагаат толку и ни одмагаат.

Докторите велат дека конзумирањето на антибиотици не смее да биде поголемо од три пати во годината, исклучиво во случаи во кои тие се навистина неопходни.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП