20 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕЗагрозувачи на плодноста кај мажите

Загрозувачи на плодноста кај мажите

plodnost154jkl

Хамбургерот, помфритот, бурекот, пицата, слатките кои ги внесуваме наутро и сличната масна но сепак многу вкусна храна секако му годи на вашето непце, но не и на вашата плодност. Истото важи и за изложеноста на хемикалиите кои се наоѓаат во пластичните производи.

Истражувањето кое го спроведоа експертите од Хардвард открива дека мастите имаат големо влијание врз сперматозоидите. Заситените масни киселини предизвикуваат намалување на бројот на сперматозоидите, додека т.н здрави масти како маслиновото масло помагаат за поздрави и поактивни сперматозоиди.

“Докажавме дека постои директна врска помеѓу мастите и сперматозоидите на мажите. Лошите масти предизвикуваат намалување на бројот на активните сперматозоиди и мажите би требале да ги избегнуваат ако сакаат да ја сочуваат плодноста“, истакнал др. Џил Алтман кој работел на истражувањето.

Тоа значи дека треба да се намали конзумирањето на заситените масти кои се наоѓаат, на пример, во сувомеснатите производи, пецивата и колачите. За подобрување на состојбата, би требало што почесто да се конзумира медитеранска исхрана со маслиново масло, но и риба која е извор на омега-3 масните киселини.

Што се однесува до пластичните производи откриено е дека работниците во кинеските фабрики кои подолго време биле изложени на хемикалијата Бисфенол-А, што се употребува во производство на пластика, имаат низок број на сперматозоиди.

Бисфенол-А се користи за изработка на засилена пластика и се наоѓа во многу производи за широка потрошувачка: шишиња од тврда пластика, обвивка за метални контејнери за храна, забарски производи и очила и сл.

Тука се споменати и цигарите, алкохолот и енергетските пијалоци, но и стресот кој секојдневно ни го отежнува живеењето.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП