19 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕНамирници со кои треба да се збогувате

Намирници со кои треба да се збогувате

Навистина е тешко да се разберат сите, често контрадикторни тврдења околу штетноста на разните прехранбени продукти, но во некои случаи научните докази не оставаат сомнеж околу опасноста која одредени продукти ја претставуваат за здравјето.

Дознајте кои се прехранбените продукти кои е најдобро да ги исфрлите целосно од својата исхрана, или барем да ги редуцирате доколку сте „зависни“ од нив.

Преработено месо

Како што наведува Американскиот институт за истражување на карциномот, месото кое е преработено со помош на чад, сол, сушење или кое содржи хемиски адитиви е поврзано со зголемениот ризик од рак на дебелото црево. Таквите производи содржат многу сол, масти и холестерол, а малку хранливи материи како влакна.

Маргарин

Се произведува од растителни масла. Високата температура во процесот на цедење на маслото ги уништува анти-оксидантните во маслото, па настануваат слободни радикали кои може да предизвикаат големи оштетувања на клетките и да го зголемат ризикот од рак. Потоа, преку хемиски начин мастите се стврднуваат, со хидрогенизација или естерификација. Во овие процеси се користат опасни хемикалии чии остатоци се наоѓаат во готовиот производ на полиците во продавниците.

Чипс

Сигурно ви е познато дека овие преработени јагленохидрати преполни со масти не се добри за вашата линија. Но, она што можеби не сте го знаеле е тоа дека чипсот содржи акриламид, позната канцерогена состојка која се создава кога храна се пржи на високи температури.

„Се проценува дека акриламидот е причина за неколку илјадници случаи на рак кај Американците годишно“, вели истражувачот Дејл Хатис, од Универзитетот Кларк.

Газирани пијалоци

Ова е најлесен начин за добивање на вишок килограми (просечна лименка содржи 10 лажички шеќер). Но, пиењето на неколку лименки неделно може скоро двојно да го зголеми ризикот од рак на панкреасот. Што е уште полоша вест? Консумирање на повеќе од 2,5 газирани пијалоци дневно значително го зголемува ризикот од смрт поради кардио-васкуларни болести, како и ризикот од развивање на дијабетис.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП