19 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕПроверете сами: Едноставен тест кој пoкажува колку ќе живеете

Проверете сами: Едноставен тест кој пoкажува колку ќе живеете

srt1

Седнете. Станете. Повторете. Овој мал трик е изум на бразилскиот доктор Гил Арауја. Тестот е користен во работата со спортистите со цел да биде проценета нивната еластичност и јачина, односно состојбата во која се наоѓа нивното тело. Со понатамошната примена на овој тест е дојдено до заклучок дека со овој тест може да се утврди дали личнота е во добра физичка состојба и уште колку ќе живее. Научното истражување на резултатите од примената на овој тест е објавено пред една година во магазинот „European Journal Of Cardiology“ и тоа предизвика бурни реакции како кај оние кои не веруваат во ваквиот тест така и кај оние кои му поверуваа.

Како се прави тестот?

Прво, стојте исправено и стабилно во комотна облека.

Без да се потпирате на ништо, спуштете се до подот до седечка положба.

Потоа, станете но без помош на рацете, колената, лактите или нозете.

srt1

Седнувањето на подот и станувањето се бодуваат со максимални 10 поени – пет за седнувањето и пет за станувањето (10 поени добивате во случај да седнете и станете лесно, без придржување, губиток на рамнотежата или занишување). По еден поен се одзема за секој пат кога како помош ја користите раката, коленото, лактот. По половина поен одземате за губењето на рамнотежата или неконтролирано занишување. На следната слика ќе видите кои се недозволените потези.

srt-test-tekst1

Основната идеја на докторот Арауја е да им укаже на своите пациенти колку е важно своето тело да го одржуваат во добра форма, еластично и силно доколку тие сакаат здрав и долг живот. Пациентите кои собраа осум или помалку поени имаат дупло повеќе шанси да го завршат својот живот во наредните шест години во однос на оние кои собраа 9 или 10 поени. Оние кои на тестот имаат три или помалку поени, за пет пати се повеќе животно загрозени за разлика од пациентите со 8, 9, или 10 поени.

Тестот е спроведуван на лица од 51-80 години. За оние кои се помлади од 50 години овој тест не важи, но секако се препорачува и тие да го направат овој тест со цел да увидат во каква состојба е нивното тело. Ако тие имаат потешкотии да го направат овој тест, или нивните резултати се помалу од 8 поени, треба сериозно да се запрашаат за состојбата на нивното здравје и тело, бидејќи не ги очекува многу долг живот. Доколку имате прекумерна тежина веднаш намалете ја, започнете со вежби и доведете го вашето тело во форма со цел да си го продолжите животот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП