20 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАFecebook го купува WhatsApp?

Fecebook го купува WhatsApp?

Апликацијата „WhatsApp“ стана многу популарна меѓу корисниците на „паметни“ телефони, а според некои информации челниците на „Facebook“ се заинтересирани да ја купат.

„WhatsApp“ стана една од најпопуларните платформи за разговори, размена на фотографии, музика и други содржини. Достапна е скоро за сите оперативни состави („Android“, „iOS“, „BlackBerry“, „Windows Phone“) и за разлика од сличните програми, не покажува реклами при користењето.

Последното истражување покажало дека оваа апликација, која е направена во 2009 година во Санта Клара, дневно ја користат околу 100 милиони луѓе во преку 150 држави.

Во октомври минатата година достигнала интересна цифра од милијарда пораки дневно, поточно 41,666,667 пораки во еден час или 11,574 во секунда.

Сепак, неодамна се најде пред проблем, бидејќи голем број на корисници обвинија дека има големи безбедносни проблеми и дека е многу лесно да се дојде до одредени информации за некој корисник.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП