23 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕУ дава 3 милијарди евра за грчките автопатишта

ЕУ дава 3 милијарди евра за грчките автопатишта

avtopati1

Европската комисија ја одобри финансиската помош за Грција вредна три милијарди евра за изградба на мрежа автопати.

Изградбата на автопатиштата беше запоставена во изминатите неколку години, бидејќи Грција беше тешко погодена од должничката криза, која ја принуди на големи буџетски мерки за штедење, пренесува агенцијата АП.

Според комесарот за регионален развој, Јоханес Хана, оваа инвестиција е од клучно значање за економското закрепнување на Грција и во исто време ќе помогне да се отворат 6.000 нови работни места.

Изградбата на автопатиштата би требало да биде завршена до крајот на 2015 година, кога ќе стане дел од трансевропската патна мрежа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП