29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДраги: Западна Европа нема доверба во ЕУ и нејзините институции

Драги: Западна Европа нема доверба во ЕУ и нејзините институции

Mario Draghi-euro

Во Западна Европа владее недоверба кон Европската унија и нејзините институции, изјави гувернерот на Европската централна банка, Марио Драги во интервју за францускиот неделник „Журнал ду диманш“.

На прашањето во врска со можното влошување на односот на Европејците кон ЕУ и за исходот од изборите за Европарламентот во мај идната година, Драги истакна дека има очекувања оти во ЕП ќе се формира поголема група на противници на Унијата од сегашната.

– Во јавноста владее недоверба кон ЕУ и нејзините институции. Треба да станеме свесни за тоа и да ги преземе сите неопходни мерки. Има популистички партии и групи, кои ја користат оваа тенденција, но и поединци, кои се искрено разочарани од ЕУ, изјави Драги.

Тој нагласи дека на европското население треба да му се појасни зошто заедничката европска валута е фактор на напредок.

– Потребно е да се даде поголемо значење на постоењето на ЕУ и да се појасни дека поголемиот степен на интеграција може да придонесе за економскиот раст и благосостојбата, додаде тој.

Драги напомена дека еврото страда поради тоа што еврозоната не е совершена и не опфаќа доволен број на земји.

– Потребно е да се прошори оваа монетарна унија, доколку сакаме долгорочно да ја гарантираме стабилноста на нашиот континент. Пред се станува збор за создавање на банкарски сојуз, целосно спроведување на програмите за реформи и намалување на државите долгови и буџетските дефицити, нагласи Драги.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП