29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА„Ако Киев побара, ние ќе му дадеме кредит“

„Ако Киев побара, ние ќе му дадеме кредит“

Ukraine Protests

Русија би можела да и даде кредит на Украина ако Киев го побара тоа, изјави денес помошникот на претседателот на Русија за економски прашања, Андреј Белоусов.

„Ситуацијата во Украина сега е таква, така што без кредит, од една или од друга страна, тие едноставно нема да успеат да ја одржат економската стабилност“, изјави Белоусов, пренесува агенцијата Ројтерс.

„Не ја исклучувам можноста, ако тоа биде побарано, да биде одобрен кредит“, изјави помошникот на рускиот претседател.

На Украина и се потребни 17 милијарди долари за исплата на долгот за наредната година.

Претседателот на Украина Виктор Јанукович, кој се соочува со секојдневни протести откако минатиот месец одби да го потпише договорот за асоцијација и слободна трговија со ЕУ, во вторник ќе ја посети Русија.

Демонстрантите стравуваат дека тоа може да резултира со уште посилна врска меѓу Русија и Украина.

ЕУ синоќа соопшти дека ја прекинува работата околу Договорот за асоцијација со Украина, наведувајќи дека аргументите на владата во Киев „немаат реална основа“.

Демонстрантите планираат голем митинг кој би требало да се поклопи со состанокот на претседателот Јануковиќ и претседателот на Русија Владимир Путин.

Белоусов изјави дека до земање на кредит би можело да дојде и за време на посетата на претседателот на Украина во Москва.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП