29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСловенците чекаат „зелено светло“ од ЕК

Словенците чекаат „зелено светло“ од ЕК

sloslo1

Словенија чека „зелено светло“ од Европската комисија (ЕК) за да инјектира нов капитал во своите најголеми банки, „NLB“ и „NKBM“, по што е планиран пренос на лошите кредити.

Лошите кредити ќе бидат префрлени од тие банки во Компанијата за управување со имотот на банките (BAMC).

Државните банки „NLB“, „NKBM“ и „Abanka“ ќе префрлат околу 4,5 милијарди евра ненаплатливи кредити во т.н „лоша банка“ „BAMC“, која тие средства ќе ги преземе во замена за обврзници со четири милијарди евра државна гаранција, пренесува словенечката СТА.

„NLB“ и „NKBM“ ќе започнат со префрлување на своите ризични кредити веднаш, додека „Abanka“ треба да го скицира планот за реконструкција и да го предаде на одобрување до ЕК пред да биде во можност да се ослободи од токсичните средства во вредност од 543 милиони евра.

Љубљана подготвува инекции свеж капитал од 1,55 милијарди евра за „NLB“, 870 милиони евра за „NKBM“ и 591 милион за „Abanka“, со дополнителни 445 милиони евра за „Probanka“ и „Factor banka“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП