29 март, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕЗошто постојано сте уморни?

Зошто постојано сте уморни?

umorni1

Доколку секое утро се будите со чувство како да ве згазил воз, а заморот ве следи преку целиот ден и викендите ги поминувате до доцна во кревет обидувајќи се да го надоместите недостатокот на сон, тогаш страдате од социјален стрес.

Можеби звучи како модерна измислица, но научниците се уверени дека социјалниот стрес е сериозен проблем кој настанува поради се поголемиот број обврски на луѓето во модерното време, како и поради се поголемиот број на работни часови.

„Нашите тела почнуваат да се синхронизираат со новиот ритам. Проблемот е во тоа што тоа станува хронична состојба за многумина од нас и телото не може никако да се прилагоди. Системите во организмот – нашиот дигестивен систем, мозокот, мускулите, метаболизмот или способноста да спиеме, работат во одреден ритам, а причината поради која знаеме кога што треба да направиме е што телото го изложуваме на дневна светлина. Рецепторите во окото регистрираат присутност на светлина па телото знае дали е ден или ноќ“, вели Расел Фостер, професор по неуронаука на Универзитетот во Оксфорд.

Но, бидејќи во модерниот живот е воведено електрично светло, нашиот биолошки часовник не работи на начинот на кој бил навикнат. Повеќе не си легнуваме веднаш кога ќе падне мрак и не се будиме со светло. Нашиот биолошки часовник е целосно исфрлен од рамнотежа.

Од нашиот дигестивен систем бараме да работи до доцна навечер, кога тој природно се успорува, нашите мускули ги присилуваме да не станат од кревет кога тие мислат дека е време за одмор, вештачки го стимулираме мозокот со стимуланси кога е исцрпен. Доколку на ова се додаде и фактот дека од секој од нас се очекува да биде достапен постојано на мобилен или на Фејсбук, крајниот резултат е постојан замор и раздразливост.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП