29 март, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕЕкспертите предупредуваат на нов вид грип

Експертите предупредуваат на нов вид грип

birdflu

Мутацијата на нов вид на птичји грип што се појави оваа година во Кина го прави вирусот отпорен на основни лекови, без ограничување на неговата способност за ширење меѓу цицачите, тврдат експерти.

Откритието значи дека за разлика од сезонските типови грип, што често стануваат помалку заразни кога развиваат отпорност на лекови, новиот Х7Н9 вид на вирусот, покрај отпорноста на лекови, не губи ништо од својата способност да се шири.

Иако е намалена веројатноста дека Х7Н9 ќе предизвика пандемија меѓу луѓето, истражувачите тврдат дека лекарите мора да бидат попретпазливи во употребата на лекови во случаите на зараза со Х7Н9.

– Важно е да се нагласи дека најверојатно типовите на Х7Н9 вирусот се пренесуваат неефикасно, рече Никол Бувие, која ја водеше студијата на новиот тип на вирусот која е објавена во списанието „Nature Communications“.

Птичјиот грип, предизвикан од вирусот Х7Н9, се појави порано оваа година во Кина и зарази најмалку 139 лица во Кина, Тајван и Хонгконг, од кои 45 починаа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП