20 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕНеколку добри намирници во борбата против целулитот

Неколку добри намирници во борбата против целулитот

celulit1

Целулитот е еден од најголемите непријатели на жената која се бори со него речиси целиот живот. Оваа појава е еден од најголемите виновници за лошата естетика на телото. Сепак борбата со него не е толку безнадежна бидејќи постојат начини кои овозможуваат тој да се намали или целосно да се отстрани.

Јаболков оцет

Во два децилитри вода додадете две лажици јаболков оцет и пијте ја истата смеса секое утро. Во случај да не ви се допаѓа вкусот можете да направите смеса за која ќе помешате три чаши јаболков оцет и една чаша масло за тело со која ќе се масирате два пати дневно.

Кафе

Кафето е богато со антиоксиданти и ја подобрува циркулацијата, што помага во намалувањето на масните наслаги. Помешајте половина чаша мелено кафе со една четвртина кафеав шеќер, а потоа намачкајте ја кожата со маслиново масло. Со смесата од кафето и шеќерот масирајте ги критичните точки на кожата.

Кокосово масло

Во еден сад ставете шест чаши кокосово масло, две чаши бадемово масло и една чаша сок од грејпфрут. Со таа мешавина масирајте ги критичните точки секој ден.

Лимон и мед

Измешајте пет лажички мед со половина чаша сок од лимон и две лажички сол. Смесата нанесете ја на кожата, а потоа завиткајте се во фолија и останете така 20-тина минути. Потоа измијте се со млака вода. Постапката повторете ја неколку пати во денот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП