25 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕКои се штетните последици од недоволниот сон?

Кои се штетните последици од недоволниот сон?

spienje1

Како и повеќето луѓе, веројатно и вие сте почувствувале на своја кожа како непреспаните ноќи го попречуваат нормалното функционирање. Недоволното спиење има многубројни негативни последици врз нашето здравје и нашиот живот. Еве некои од нив:

Зголемен ризик од кардиоваскуларни болести. Модерниот тренд на скратување на сонот е темпирана бомба. Краткиот сон влијае негативно врз вашето срце, со тоа што го зголемува крвниот притисок, го забрзува ритамот на срцето и го покачува нивото на хормонот на стресот.

Зголемен апетит и склоност кон дебелеење. Додека спиеме, нашиот организам ослободува специфични хормони и хемикалии кои го контролираат апетитот и му помагаат на телото да одржува нормална телесна тежина. Намалениот сон го нарушува балансот меѓу хормоните, односно го намалува нивото на хормонот кој го потиснува гладот, па ние јадеме повеќе од вообичаено.

Зголемен ризик од дијабетес. Кај луѓето кои спијат помалку од 7 часа дневно се зголемува ризикот од појава на дијабетес тип 2.

Намалена способност на мозокот за помнење. Помнењето се создава врз основа на серија од нервни врски кои се обновуваат или зацврстуваат за време на спиењето. Секоја фаза од спиењето има различна улога во обединување на новите информации, научени во текот на денот. Доколку не му дадете доволно сон на вашиот мозок, тој не може правилно да ја складира новата материја, па поверојатно е да заборавате.

Намален имунитет. Колку помалку спиеме, толку послаб станува нашиот имунитет. Организмот на личностите кои спијат недоволно потешко се бори со вируси и бактерии.

Влошување на комуникациските вештини. Уморните луѓе почесто предизвикуваат конфликти, секогаш реагираат бурно, покажуваат лоши комуникациски способности и често молчат и немаат желба да ги решаваат проблемите.

Намалена способност за донесување разумни одлуки и решавање проблеми. Способноста на мозокот да продуцира логични и пресметани решенија на проблемите значително е намалена кај личностите кои не спијат доволно во текот на ноќта. Тие често избрзуваат или занемаруваат важни факти, а тоа ја намалува ефективноста и резултира со донесување на непромислени ризични одлуки.

Појавување на тага и депресија. Краткиот сон не само што го намалува интензитетот на позитивните емоции, туку води и до појава на негативни емоции, како тага и вознемиреност. Хроничните проблеми со спиењето се поврзуваат со долготрајни нарушувања во расположението и појава на депресија.

Појавување на тешкотии при учењето на нова материја. Луѓето кои на работното место константно учат нешто ново мораат да си го пружат луксузот „квалитетен сон“. Недоволното спиење значително ја намалува способноста за учење и помнење.

Доколку се соочувате со овие последици од нередовниот сон време е да го промените својот став и да престанете да ја занемарувате силата на добриот сон, кој носи подобро здравје, поведро расположение и поубави спомени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП