28 март, 2024
ПочетнаАКТУЕЛНО12 совети за подобрување на расположението и здравјето

12 совети за подобрување на расположението и здравјето

podobrozdravje1

Ова се советите кои ќе ви овозможат да си го подобрите расположението и здравјето…

1. Вода со лимон при проблеми со варењето на храната. 20-30 минути пред вашиот оброк, во чаша топла вода додајте една кафена лажичка сок од лимон и испијте ја.

2. Мраз на раката против забоболка. Тријте коцка мраз 5-6 минути на задниот дел од раката, поточно на областа коjа наликува на „V“, а се наоѓа помеѓу палецот и показалецот. Таму се наоѓаат нерви кои пренесуваат информации до делот од мозокот одговорен за болка во рацете и лицето. Со стимулацијата на овие нерви, можете да ги блокирате сигналите на болка кои се испраќаат до овој дел од мозокот.

3. Арома на ванила против стрес. Чувствувате напнатост и стрес? Вдишете арома на ванила. Мирисот на ванила смирува, релаксира, го намалува чувството на депресија и го подобрува расположението.

4. Кафеав ориз наместо бел против мигрена. Кафеавиот ориз содржи многу повеќе магнезиум од белиот ориз и поради тоа ја редуцира појавата на симптоми на мигрена. Освен тоа, кафеавиот ориз го намалува ризикот од срцев и мозочен удар.

5. Мраз против модринка. По ударот, веднаш ставете мраз на засегнатото место. Мразот предизвикува стеснување на повредените крвни садови и со тоа ќе се намали отекувањето. Ниската температура ќе го „здрви“ местото и ќе ја намали и болката. Наредниот ден ставете топла облога за да ги раширите крвните садови и да ја подобрите циркулацијата.

6. Нежно растегнување на мускулот против грч. При појава на грч на мускул, внимателно растегнете го мускулот и масирајте го додека не почувствувате подобрување. Растегнувањето помага при грчеви без разлика дали тие се причинети од дехидратација, интензивно вежбање, повреда на мускулот или предолго седење во иста положба.

7. Бебешка пудра против миризливи нозе. За да ја спречите појавата на непријатна миризба во обувките, ставајте малку бебешка пудра во вашите чорапи пред да ги облечете. Бебешката пудра го намалува потењето.

8. Поретко чешлање против мрсна коса. Мрсната коса треба да се чешла колку што е можно поретко, бидејќи чешлањето предизвикува скалпот да произведува уште повеќе природни масла.

9. Читање книга за поголема концентрација. Додека читате потребно е да останете фокусирани подолго време. Тоа ве прави повнимателни, попрактични и пообјективни, а исто така и ви ја развива способноста за донесување одлуки.

10. Масло од еукалиптус против болка во грбот. Нанесете масло од еукалиптус на областа каде што чувствувате болка и нежно протријте.

11. Цигари со млеко за откажување од пушењето. Да, звучи чудно, но многумина тврдат дека токму тоа ги одвикнало од оваа штетна навика. Потопете ги вашите цигари во млеко и оставете ги да се исушат. Нема да можете да испушите ниту една цигара докрај, затоа што ќе ви остава непријатен вкус на јазикот.

12. Албум со стари фотографии против депресија. Тажни сте? Прелистајте албум со фотографии од детството. Старите фотографии носат многу спомени и емоции. Па, ставете си на дофат на рака мал албум со фотографии кои ви предизвикуваат убави позитивни чувства и во стресните или депресивните моменти користете го како лек.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП