24 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАТриесет убедливи причини со кои ќе се извлечете од работа

Триесет убедливи причини со кои ќе се извлечете од работа

job

Кој некогаш не посакал да излезе порано од работа? Ви нудиме триесет причини кои ќе ви овозможат да излезете порано од работа, а никој да не ви замери. Дури и ако имате најстрог шеф на светот, сигурно на листата ќе пронајдете барем една причина која би можеле да ја искористите.

1. Ви се јавил комшијата, ви пукнала водоводната цевка и почнало да капе и кај него. Морате веднаш да одите дома!

2. Доколку вашиот шеф сака животни, извлечете се со итна ситуација во врска со вашето милениче. Луѓето кои сакаат животни сигурно ќе ве пуштат од работа во било кое време.

3. Сте се отруле со храна…секогаш успева! Само проверете да не го обвините куварот во омилениот ресторан на вашиот шеф!

4. Имате дијареа – ќе биде премногу срамно доколку би сакале да проверат, а вие ќе излезете од работа за 5 минути!

5. Ви се расипал автомобилот и сега чекате шлеп служба која никако  да стигне.

6. Вашата роднина почнала да се пораѓа, а вие сте еднинствената личност која живее во близина и морате да ја одведете во болница.

7. Сте го скршиле забот – каков малер, морате на забар за итна интеревенција.

8. Доколку шефот ви е од посилниот пол, само кажете дека имате женски проблеми….нема машко кое би ве прашало какви се тие проблеми!

9. Вошки! Никој не сака да доаѓа на работа со вошки. Можеби ќе добиете уште еден слободен ден додека не се решите од оваа напаст.

10. Кажете му на шефот дека сте правеле анализа на крвта и дека резултатите не се добри… морате веднаш да одите на дополнителни испитувања.

11. Повикани сте на суд, никој не смее да си игра со законот!

12. Кажете дека имате уринарна инфекција. Ова е добар изговор, бидејќи може да се појави одеднаш и да помине за еден или два дена без посебни лекови или пак посета на лекар.

13. Агресивниот дечко на вашата најдобра пријателка ја избркал од станот и морате да и помогнете да се исели – денес!

14. Сте го заклучиле клучот во автомобилот. Очекувате бравар во секој момент, но ви рекол дека му е потребно време да стигне.

15. Близок член на семејството имал судар. Не знаете колку е повреден и затоа не можете да се сконцентрирате на работата додека не проверите како е.

16. Сте добиле стомачен вирус.Ова е одличен изговор, бидејќи ќе добиете и уште неколку дена за да закрепнете.

17. Од септичката јама, целиот двор ви е преплавен со канализација. Секој ќе разбере дека ова морате итно да го средите.

18. Дрвото од вашето соседство паднало преку улицата и го блокирало патот. Сте ја повикале комуналната служба и сега чекате да дојдат, но кој знае кога ќе стигнат….

19. Ве каснала пчела, но не сте знаеле дека сте алергични…лицето премногу ви е отечено и ништо не гледате.

20. Вашиот превоз не се појавил утринава и сега морате да најдете некој друг начин за да дојдете на работа. Жал ви е што ќе закасните!

21. Само кажете „ми се укочи половината“, никој не знае што точно значи, но секако не можете да дојдете на работа во таква состојба.

22. Имате страшни хемороиди и лекарот ви дал совет неколку часа да се опуштите во када со солена вода. Никој нема да има храброст да ви даде некаков приговор.

23. Имате хроничен гинеколошки проблем. Излезете од работа и не грижете се!

24. Мигрената е одличен изговор. Секој кој еднаш имал такво искуство ќе знае колку страшна болка е тоа, а посебно ако трае со денови….

25. Кажете дека сте се изгореле додека сте готвеле. Само погрижете се да кажете дека сте се изгореле на дел од телото кое ќе можете лесно да го сокриете следните неколку дена.

26. Сте биле сведок на автомобилска незгода, во која виновникот побегнал па мора да одите во полициска станица да дадете изјава. Уште еднаш, никој не си игра со законот!

27. Само кажете дека вашиот маж, дете, цимер се разболел и неможе да стане од кревет, па морате да останете дома да го чувате.

28. Вечерта некој се обидел да провали во вашиот стан, па денес морате да ја промените вратата или пак да ставите некој сигурносен систем. Никој не би приговорил кога станува збор за вашата безбедност.

29. Побарајте го вашиот шеф и кажете му дека пајак ви го земал автомобилот и дека морате да одите да ја платите казната, бидејќи утредента се плаќа двојно повеќе.

30. Кажете му на шефот дека ви се расипала вратата од гаражата и дека не сте можеле да го извадите автомобилот.

Кој е вашиот изговор да отсуствувате од работа?

 

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП