20 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАИскуството не е пресудно: Младите директори владеат со светот

Искуството не е пресудно: Младите директори владеат со светот

Кога станува збор за работа, повеќето инвеститори се во потрага по компании со менаџерски тим кој има искуство и успех во формирање на тимови, пишување на бизнис планови и управување.

Како и во сите други аспекти од животот, праксата и искуството овозможуваат важни лекции за континуиран развој и подобрување.

Сепак, „гренд слем“ во претприемништвото доаѓа со младите директори кои се во своите дваесетти години, пишува Форбс. Некои од најуспешните претприемачи на нашето време започнаа токму во овие години од својот живот.

„Google“ е основан од страна на Сергеј Брин и Лари Џими Пејџ, кога тие имале 25 години. Стив Џобс имал само 21 година кога го покренал „Apple“. Бил Гејтс имал само 20 години кога ја започна приказната за „Microsoft“. Најпознатата социјална мрежа „Facebook“, Марк Цукерберг ја лансираше кога тој имаше само 20 години.

Една од главните причини зошто младите претприемачи градат неверојатно успешни компании е фактот дека тие немаат што да изгубат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП