19 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОTорес или Ба во замена за Фалкао!

Tорес или Ба во замена за Фалкао!

falcao-officiellement

Челзи може да им ги предложи Фернандо Торес или Демба Ба на Монако, плус пари за во своите редови да ја доведе големата ѕвезда на францускиот клуб, Радамел Фалкао, пишува „Дејли Стар“.

Вчера се појавија информации дека колумбиската гол машина на „кнезовите“ побарал да премине под наем во друг тим во зимскиот трансфер прозорец.

Од Монако сепак не се подготвени да го дадат на позајмица во друг тим, туку тимот е подготвен само за директна продажба. Веќе подолго време се зборува дека напаѓачот е многу разочаран од фактот дека платата му е двојно помала од онаа за која што се договорил.

Според договорот на Колумбиецот тој требаше да заработува по 14 милиони евра годишно, но по оданочувањето се покажало дека износот е дури под 7 милиони евра.

Монако сака да земе за својата ѕвезда огромната сума од 80 милиони фунти, но тешко некој ќе предложи толку пари.

Сепак, тимот е подготвен значително да ја намали сумата во случај ако Челзи во оваа трансакција вклучи некој меѓу Фернандо Торес или Демба Ба, но можеби и двајцата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП