28 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНО11 милиони долари ќе чини ждрепката за Мундијалот

11 милиони долари ќе чини ждрепката за Мундијалот

zdrepka brazil

Само за церемонијата на ждрепката за Светското првенство во фудбал, која ќе се оддржи денеска ФИФА и Бразил потрошија 11 милиони долари.

Тоа дополнително ја влоши ситуацијата, имајќи на ум дека во моментов има доста протести во земјата поради зголемените цени. Само шаторот, во кој ќе биде церемонијата е од 1800 квадратни метри.

Поканети се 1.300 гости на церемонијата, која ќе започне со пренесувањето на една од европските селекции во вториот шешир. Тоа требаше да е Франција, но поради притисокот на Платини, беше одлучено сето да биде доверено на судбината.

Кралот на фудбалот Пеле категорично одбил да учествува во церемонијата. Пеле одамна е брендирани за малер, бидејќи кога и да ја предвидувал титула за сонародниците, тие обично отпаѓаат уште во 1/4-финалето. Заради тоа, тој неколку месеци категорично одбива да каже кој е неговиот фаворит за титулата следната година.

„Ветувам дека првенвенството ќе биде незаборавно. Бразил е фудбалска нација и сите ќе се уверат во тоа“, изјави Пеле.

Поради одбивањето на Пеле бил поканет Кафу, кој е капитен на последниот бразилски тим кој стигна до титулата. Ќе бидат претставени и останатите земји кои биле шампиони, а за Германија ќе присуствува Лотар Матеус.

Бразил призна дека ниту еден стадион нема да биде подготвен за 21-ви декември, кога истекува рокот на ФИФА.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП