29 март, 2024
ПочетнаКАРИЕРАФормула за одлично CV

Формула за одлично CV

cv1

Не постои совршена биографија, која ќе ви гарантира работа, но постојат неколку основни правила како вашата биографија да изгледа професионално и како да ја постигнете својата цел, која ќе го привлече вниманието на работодавецот и ќе му обезбеди јасни информации, заради кои ќе сака да ве вклучи во “потесниот круг” и ќе ве повика на интервју.

 

1. Искреност

Обрнете внимание на веродостојноста на информациите кои ги доставувате во вашето CV. Невистинити информации, како што се оние за кои ви е срам да зборувате за време на интервјуто, дефинитивно треба да се избегнат.

 

2. Должината и објективноста

Во зависност од вашето искуство, вашето CV може да биде долго една, две или повеќе страници. Доколку немате значително работно искуство и вашата биографија е кратка заради тоа, не претерувајте со долги презентаци на другите информации. Важно е да се биде објективен во сите детали, со факти, и евентуално со кратко објаснување. На интервјуто ќе добиете шанса да објасните повеќе детали од вашата биографија.

 

3. Редослед на наведените информаци

Информациите за образованието и работното искуство, се наведени во обратен хронолошки редослед, со користење на технички термини, но избегнувајте прекумерно користење на кратенки.

 

4. Уредност и правопис

Биографијата пишувајте ја на компјутер, по можност во табеларен формат. Се препорачува употреба на ист фонт и иста големина. Биографијата мора да биде граматички точна – внимавајте на голема буква, проред после запирка, точки и др.

 

5. Испраќање на e-mail

Доколку вашето CV го испраќате на e-mail, зачувајте го документот во формат RTF или. PDF (наместо. Doc), со цел да се избегне можноста за испраќање вируси кои може да ја избришат вашата биографија, пред некој да ја прочита.

 

Откако ќе завршите со пишување вашата биографија, разгледајте ја повторно, и побарате од некоја друга личност (пријател/пријатели, родители, колеги ..) да го прочита за да не пропуштите нешто, или да не имате некоја грешка.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП