20 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОДортмунд се откажува од зимски трансфери

Дортмунд се откажува од зимски трансфери

dortmund slika

Тренерот на Борусија Дортмунд, Јирген Клоп во овој момент не размислува за нови зимски засилувања, иако амбулантата на тимот е речиси преполна.

„Треба да го оддржуваме мирот. Секако дека ќе продолжиме да гледаме. Но во овој момент ништо нема да се случи во јануари“, изјави Клоп за германската државна телевизија „ARD“.

46- годишниот стратег е убеден дека нема да има потреба од нови засилувања, бидејќи очекува дефанзивецот Матс Хумелс и играчот од средниот ред Илкај Гјундоган целосно да се рехабилитираат од повредите за пролетната полусезона.

„Само за Невен Суботиќ сезоната заврши“, дополни тренерот на „милионерите“.

Српскиот дефанзивец Суботиќ има искинати вкрстени лигаменти на коленото и нема да игра до крајот на сезоната.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП