29 март, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕНамирници за намалување на холестеролот

Намирници за намалување на холестеролот

lukluk1

Лошиот холестерол може да биде „тивок убиец“, ако навреме не се реагира на зголеменото ниво. Небалансираноста на лошиот и добриот холесторол го зголемува ризикот од срцев и мозочен удар. Најдобриот начин за справување и регулирање на односот е преку нутрционистичка „борба“, со одредени намирници како „оружја“. Еве и кои можат да ви помогнат.

Овес

Опасниот ЛДЛ холестерол може да се намали за 5,3 проценти, со редовно консумирање на овес како дел од појадокот. Овесот содржи бета-глукен, состојка која го апсорбира ЛДЛ холестеролот, за потоа телото да го исфрли.

Црвено вино

Умерено уживање во црвено вино може да го намали холестеролот за 9 проценти.

Јаткасти плодови

Јаткастите плодови се уште едно „оружје“ во борба против лошиот холестерол. Една дланка дневно може да го намали нивото за 9.3 проценти за еден месец. Особено ефективни се бадемите.

Грашок и грав

Докажано е дека овие мешункасти плодови се добри за срце. Влакната кај гравот и грашокот ја забавуваат апсорпцијата на холестеролот од другите намирници, а консумирањето на пола лажица грав во супата може да го намали нивото за 8 проценти.

Црн чај

Познато е дека антиоксидантите од чаевите штитат од рак, но сега повеќе студии докажаа дека консумирањето на црн чај ги намалува липидите во крвта за 10 проценти за само три недели, а исто така и штити од срцеви болести.

Црно чоколадо

Какаото, со најголема концетрација во црното чоколадо содржи антиоксиданти кои помагаат за зголемување на нивото на добриот холестерол ХДЛ. При консумирање како прав, една америчка студија докажала дека нивото на ХДЛ „скокнало“ за 12 проценти за 12 недели.

Авокадо

Авокадото е одличен извор на мононезаситени масти кои се одлични за срцето. Овој плод  го повишува добриот ХДЛ, а намалувава лошиот ЛДЛ холестерол. Но, сепак имајте на ум дека авокадото е доста калорично, затоа бидете умерени во „уживањето“.

Лук

Не е некоја новост дека јадењето лук е здраво. Лукот не само што го снижува холестеролот во крвта, туку спречува и создавање згрутчувања, го намалува крвниот притисок и штити од воспаленија. Со спречување на прилепувањето на честици холестерол на ѕидовите на артериите, служи и како рана превенција против создавање згрутчувања. Препорачлива количина е две до три чешниња лук на ден.

Маслиново масло

Не постои ни грам сомнеж дека маслиновото масло е далеку поздраво од сите останати. Преполно е со мононезаситени масни киселини и не само што го снижува нивото на ЛДЛ холестеролот, туку помага и во отстранување на маснотиите на стомакот.

Можеби не сте свесни и не ја чувствувате улогата на холестеролот во здравјето, но во подоцнежните години последиците значително се чувствуваат. Здравата исхрана и дополнување на секојдневното мени со овие намирници може значително да ви помогне во борбата и „мирни“ да ги дочекате годините на „длабока старост“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП