20 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЈоветиќ се враќа во Италија!?

Јоветиќ се враќа во Италија!?

B

Стеван Јоветиќ е далеку од теренот, во сенка на останатите напаѓачи на Сити и тешко може да се избори за место меѓу стартерите. Замина од Серија А во многу посилна лига, но не добива шанса.

Поради тоа не е ни чудно што е заинтересиран да се врати во Италија, а излезот може да претставува Интер.

„Неро-азурите“ бараат напаѓач, новиот сопственик Тохир е подготвен да го финансираа овој трансфер, а наводно италијанците веќе стапиле во контакт со менаџерот на Јоветиќ кој би требало да биде посредник.

Во Сити не се подготвени да го продадат Јоветиќ, но би можело тој да се врати во Италија на позајмица, се со цел да има поголема минутажа, иако се споменува и правото за откуп на договорот.

Интер не би требало да има конкуренти, Милан нема пари, а и не се заинтересирани за Црногорецот, додека Јувентус го посакуваше минатото лето, но сега интерес имаат кон други играчи.

Во секој случај за Јоветиќ најдобро решение е да игра напролет, инаку ова практично би била загубена година за него.

За потсетување, Сити плати 27 милиони евра, плус бонуси, кои засега, како што стојат работите нема да бидат активирани.

Црногорецот не е единствениот играч кој Мацари го посакува, а ветени му се засилувања во сите линии во тимот, се со цел Интер да избори пласман во Топ-3 и да се врати во Лигата на шампионите.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП