28 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСе подготвува јануарска „чистка“ во Милан

Се подготвува јануарска „чистка“ во Милан

milan trening

Тројца млади фудбалери ќе се разделат со Милан веќе во јануари. Тоа со сигурност се дефанзивецот Жерсон Вергара, халфот Брајан Кристанте и напаѓачот М’Баје Нианг.

Првиот и така не успеа да добие шанса за докажување, додека другите двајца во последниве моменти го привлекоа интересот на Каљари. Најверојатно и тројцата ќе бидат дадени на позајмица, за да си обезбедат континуитет во играта, пишува „Corriere della Sera“.

Исто така во јануари се очекува од редовите на „росонерите“ да си заминат уште неколку играчи, кои сепак би требало да бидат продадени, а не испратени на позајмица.

Станува збор за голманот Марко Амелија и халфот Антонио Ночерино. Многу е веројатно кон нив да се приклучи и еден од Џампаоло Пацини и Алесандро Матри.

Засега тимот од „Сан Сиро“ не соопштува за евентуалните засилувања на екипата и кои играчи би сакале да ги видат во сопствените редови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП