18 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОKoшаркар нема да ја троши платата во следните 3 години!

Koшаркар нема да ја троши платата во следните 3 години!

michael-carter-williams-usa

Често пати читаме за спортисти кои банкротираа, но добро е да ја прочитаме и веста околу Мајкл Картер Вилијамс.

Дебитанот на Филаделфија има преземено многу паметна одлука за првите три години од својата кариера во Националната Кошаркарска Асоцијација (NBA). Бекот нема да може да потроши ниту денар од она што ќе го заработи до крајот на сезоната 2015-2016-та година, бидејќи неговата плата се префрлува во посебен фонд, кој ќе се грижи за управувањето и евентуално зголемување на парите.

Ако го исполни договорот со Филаделфија, Мајкл Картер Вилијамс ќе земе 6,9 милиони долари, со кои фондот ќе управува.

Според „philly.com“ бекот ќе живее во следните години од рекламните договори со „Nike“ и „Panini“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП