24 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРеал дава 65 милиони фунти за Суарез и Кутињо!?

Реал дава 65 милиони фунти за Суарез и Кутињо!?

philippe-coutinho-suarez-lfc

Покрај одличниот напаѓач, Реал Мадрид, според информациите од „Островот“, посакува да го доведе и Кутињо на „Бернабеу“.

„Sport Direct News“ известува дека „кралевите“ се заинтересирани за дуото на Ливерпул кое го сочинуваат Луис Суарез и Фелипе Кутињо.

И додека интересот за Луис Суарез е познат од претходно, споменатиот извор истакнува дека лично Карло Анчелоти е импресиониран од игрите кои ги прикажува Кутињо, па него го замислува како вистинска замена за Месут Озил.

Истиот извор тврди дека Реал Мадрид е подготвен да одвои дури 65 милиони фунти за двајцата играчи на „црвените“.

Ваквите информации во секој случај се косат со логиката, замајќи го во предвид фактот дека Ливерпул оваа година има големи амбиции, т.е. вложи големи напори да состави конкурентна екипа која ќе се потпира на Луис Суарез, но и на Кутињо.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП