20 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕПретераната хигиена му штети на нашето здравје

Претераната хигиена му штети на нашето здравје

sapuni2

Претераната хигиена и користењето на анти-бактериски сапуни, не само што не го чува вашето здравје, туку и му штети, слабеејќи го имунитетот.

Истражувањето спроведено од научниците од Универзитетот во Мичиген, покажало дека децата и тинејџерите изложени на анти-бактериски сапуни кои ја содржат хемиската состојка триклосан го зголемуваат ризкот од алергии, висока температура и други здравствени проблеми.

Преку студијата е исто така откриено дека изложувањето на големи количини на состојката бисфенол А, може да го ослаби имунитетот на возрасните.

“Присуството на триклосан кај групите на помлада возраст ја подржува „хигиенската хипотеза“ според која живеењето во многу чисти и хигиенски околини може да влијае на нашата реакција на микроорганизми кои се корисни за развојот на имунитетот“, изјавил водачот на истражувањето, Алисон Аиељо.

Аиељо објаснува дека триклосанот може да ги измени микроорганизмите на кои луѓето се вообичаено изложени, на начин што влијае врз развојот на детскиот имунолошки систем.

Освен во анти-бактериските сапуни, оваа состојка на големо се користи во пастите за заби, медицинските инструменти и бебешките пелени. БПА пак, за која се верува дека влијае врз човековите хормони, се користи во многу видови на пластика и бројни производи за секојдневна употреба.

Затоа, одржувајте ја ваша хигиена умерено, не користете премногу иритирачки средства за бањање бидејќи со постојаното изложување на кожата на овие хемикалии се уништуваат и нашите природни бактерии кои ни се потребни да не заштитат од надворешните фактори.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП