20 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛиверпул ќе го засилува нападот

Ливерпул ќе го засилува нападот

liverpul napagjaci

Дали како замена за повредениот Даниел Стариџ или како резервна варијанта за Луис Суарез, кој би можел да си замине, Брендан Роџерс јасно нагласи дека клубот од „Енфилд“ ќе биде активен во зимскиот преоден рок.

Како што ќе биде без Стариџ до февруари, а и стравот дека во овој преоден рок би останал без својот прв напаѓач, менаџерот на Ливерпул ќе побара решение во јануарскиот преоден рок.

Моменталната ситуација е таква што Луис Суарез е осамен во нападот и трпи преголем притисок, па Роџерс сака да му доведе поддршка и да му олесни на Суарез, за кого голем интерес покажа Арсенал.

Наводно, Арсен Венгер сака да потроши дури 100 милиони фунти за да ја реализира својата желба од летниот преоден рок.

Земајќи ја сепак моменталната кадровска ситуација во клубот од „Енфилд“, тешко е да се поверува дека Роџерс ќе се откаже од својот напаѓач, по било која цена во јануари.

Несакајќи да има слаба екипа која ги има најголемите амбиции, Роџерс токму сака да го направи спротивното.

„Доколку се појави играч за кого сметаме дека може да ја поправи ситуацијата и да ја засили конкуренцијата во нашиот тим, ќе реагираме веднаш. Уверен сум дека во јануари ќе успееме да најдеме таков играч“, вели тренерот на Ливерпул.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП