25 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕЗдравите луѓе ни ги откриваат нивните тајни...

Здравите луѓе ни ги откриваат нивните тајни…

zdrzdr1

Наместо и оваа зима да се мачите со настинките и грипот, прочитајте како да станете имуни на овие болести, но и да останете здрави во секое годишно време. Најважно, советите доаѓаат од луѓе кои вистински успеваат во тоа, а кои новинарот Џин Стоун ги пренесе во својата книга со наслов “Тајните на луѓето кои никогаш не се разболуваат“ (The Secrets of People Who Never Get Sick).

Во својата книга Стоун интервјуирал 25 луѓе кои имаат одлично здравје и ги запрашал која е тајната на нивната здравствена состојба.

Заедничко за сите било тоа што имале позитивен поглед кон животот и силно верувале дека „тајните“ кои ги практикуваат им помагаат на нивното здравје, пишува „The Observer“.

„Зошто се некои луѓе секогаш здрави? Кај повеќето од нив тоа не е случајност. Тие веруваат дека здравјето е последица на секојдневните навики и пред се имаат позитивен став кон нештата. Мислам дека тоа е најголемиот дел од одговорот на прашањето зошто тие никогаш не се разболуваат“, објаснил Стоун промовирајќи ја својата книга.

И самиот тој усвоил некои од навиките на овие луѓе и тврди дека истите значително му помогнале. Еве 9 нешта кои најдобро делувале кај него:

1. Лук

Треба да јадете лук веднаш штом почувствувате дека нешто ве гребе во грлото. Стоун го неутрализира вкусот и мирисот на лукот со чоколадо, а со свежиот магданос го освежува непријатниот здив.

2. Зеленчук како главен дел од оброците

Една од тајните е и оброците да бидат, во најголемиот дел, составени од зеленчук. Во случајот на Стоун, таквиот начин на исхрана му помогнал да го преполови нивото на холестерол.

3. Пивски квасец за доручек

За некои тајната на нивното здравје лежи во започнувањето на денот со пивски квацес кој е богат со протеини и Б витамини. За полесно да го конзумирате, користете пивски квасец во прав кој може да го помешате со корн-флекс или сок.

4. 25 проценти помалку калории

Јадењето на половина од количината храна што обично сте навикнати да ја внесувате, на долгорочен план го намалува внесот на калории за 25 проценти и би можело да ви обезбеди долга и мирна старост која нема да ја попречуваат високиот крвен притисок, дебелината и честите посети на доктор.

5. Ц витамин и вежбање

Сезонските настинки и грипот успешно може да се спречат со секојдневен внес на витамин Ц. За оптимален ефект, се разбира,  потребна е и врамнотежена исхрана и секојдневно вежбање.

6. Пастеризирани белки

Доколку секојдневно конзумирате матени белки (особено доколку вежбате) со тек на време ќе ја зголемите својата телесна снага и ќе ги избегнете повеќето настинки.

7. Често мијте ги рацете

Звучи премногу едноставно, но факт е дека луѓето кои често ги мијат рацете и внимаваат да не ги тријат очите или да ја допираат устата со валкани раце помалку се разболуваат.

8. Пилешка супа

Состојките од пилешката супа докажано штитат од настинки и го скратуваат нејзиното траење штом се појави.

9. Дремка

Доколку секојдневно отспивате по половина час преку ден ќе го засилите имунитетот и поподготвени ќе ги дочекате вирусите и бактериите.

“Делотворноста на овие тајни лежи и во тоа да имате волја да спроведете било која од нив. Со самото тоа што сте проактивни и превземате одговорност за себе си ќе се чувствувате многу посреќно и поздраво“, заклучува Џин Стоун.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП