18 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕЕнергетските пијалоци се опасни за работата на срцето

Енергетските пијалоци се опасни за работата на срцето

energy-drinks-bad-for-heart

Енергетските безалкохолни пијалоци кои содржат кофеин можат да предизвикаат проблеми со работата на срцето, покажува истражувањето на група здравствени експерти.

Научници од Универзитетот во Бон, во Германија, ја набљудувале работата на срцето кај 17 лица кои еден час претходно пиеле некој од енергетските пијалоци што се нудат на пазарот.

Утврдиле дека отчукувањата на срцето биле најсилни откако луѓето, кои биле набљудувани, го испиле пијалокот.

Откритијата на истражувачите биле презентирани на еден меѓународен собир во САД, на кој лекарите и кардиолозите предупредиле дека децата, како и лица со било какви проблеми на срцето, не би требало да пијат енергетски пијалоци.

Истражувањето на германските експерти покажува дека кофеинот во овие пијалоци е дури трипати посилен од оној што се наоѓа во другите пијалоци, како на пример во кафето или кока-колата.

Претставник на британската Асоцијација на прозводители на газирани, безалкохолни пијалоци изјави дека енергетските пијалоци и пред ова укажување на лекарите не им се препорачуваат на децата во Велика Британија.

Засега нема сознанија како тие пијалоци влијаат врз лицата со срцеви заболувања.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП