20 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРеал и Барса казнети со вкупно 7.5 милиони евра

Реал и Барса казнети со вкупно 7.5 милиони евра

barsa real kazna

Шпанските гиганти Реал Мадрид и Барселона ќе треба да платат вкупно 7.5 милиони евра како казна од Националната комисија за пазар и конкуренција во Шпанија.

„Кралевите“ ќе треба да дадат 3.9 милиони евра, додека „каталонците“ од својата каса ќе треба да извадат 3.6 милиони. Казнети се уште два шпански клуба – Севиља со 900 илјади евра и Расинг Сантандер со 30 илјади евра.

Причина за санкцијата е договорот кој е потпишан во април 2010-та, а кој е во врска со продавањето на телевизиските права за натпреварите од Примера и Купот на Кралот (без финалето ).

Според споменатата комисија од 14 април 2010-та сличните договори не треба да се со поголемо времетраење од три години. Токму во тоа е прекршокот на правилата.

Компанијата која ги држи ТВ-правата – „Медиапро“ ќе ја има најголемата казна од државната администрација – 6.5 милиони евра. Во шпанската каса ќе влезат вкупно 15 милиони евра поради дефектот на потпишаниот договор.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП