19 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕСо медитација до подобро здравје

Со медитација до подобро здравје

meditacija1

Медитирањето се практикува со векови и е техника со која докажано се намалува стресот и ја подобрува општата состојба на организмот. Но, експертите покажаа дека е исклучително влијателна и при намалувањето на болката.

„Медитацијата влијае врз делови од мозокот кои се поврзани од начинот на кој му пристапуваме на чувството на болка, до начинот на кој реагираме на чувството на болка“, рекол водачот на истражувањето, др. Фадел Зејдан од Вејк Форест медицинскиот центар.

Истражувачите од Вејк Форест факултетот за медицина анализирале 15 возрасни луѓе кои никогаш претходно не медитирале и ги подложиле на краток курс по медитација. Воедно, им го скенирале мозокот со магнетна резонанса пред и по тренингот.За време на скенирањето, докторите нанесувале топлина врз нозете на учесниците со цел да почувствуваат болка.

„Кога учесниците медитираа интензитетот на болката се намалуваше за 40 проценти, а непријатноста од болката за 57 проценти“, рекла Зејдан.

Истражувачите сметаат дека медитацијата би можеле да им помогне на пациентите по операција или на пациентите болни од рак кои примаат хемотерапија.

Ако сакате да го подобрите својот имунолошки систем или да се ослободите од осаменоста, најдобро ќе биде да одвоите малку време за себе и да почнете да медитирате. Научниците тврдат дека техниката на медитација успешно го намалува чувството на изолираност, а истовремено го јакне умот и телото во борбата против болестите.

Ништо не ве чини и вие да се обидете со медитација, наместо со апче против болки, следниот пат кога ќе почувствувате главоболка. Медитацијата ја подобрува и општата состојба на здравје, влијае позитивно на организмот и го подобрува вашето здравје.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП