20 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВукоичиќ повеќе не е тренер на МЗТ Скопје

Вукоичиќ повеќе не е тренер на МЗТ Скопје

vv

Влада Вукоичиќ од синоќа не е тренер на МЗТ Скопје Аеродром.

Од таборот на македонскиот кошаркарски шампион се одлучиле на неколку промени со цел враќање на тимот на победничките патеки и исполнување на очекувањата на големиот број навивачи.

– Влада Вукоичиќ повеќе не е тренер на МЗТ Скопје Аеродром. Ова е само една од неколкуте промени што ќе се случат во клубот во овој период, стои во кусата информација на Фејсбук профилот на МЗТ.

Вукоичиќ на тренерската позиција на клубот од Аеродром дојде на почетокот од сезоната и за два месеци имаше 17 официјални натпревари (10 АБА лига и 7 Еврокуп), на кои забележа пет победи (4 АБА + 1 Еврокуп), недоволно за амбициите и очекувањата на раководството на „сино-белите“.

Како директен повод за отказот на српскиот стратег е саботниот пораз од Цибона и покрај водството на МЗТ Скопје од 26 поени разлика.

Се очекува денеска МЗТ да излезе со официјално соопштение за наследникот на Вукоичиќ, а според некои шпекулации прва опција е словенечкиот тренер Зоран Мартич.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП