28 март, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕХрана за здрава коса

Храна за здрава коса

kosa

Истражувањата покажуваат дека причината за слабеење и опаѓање на коса се крие во недостиг на витамини и минерали, најмногу витамин Б6 и Е, како
и железо и цинк.

Исхрана треба да биде збогатена и со пилешко, риба, немасно сирење, јајца, бадеми и јогурт.

Ако во последно време сте забележале дека вашата коса се изретчува, би требало поголемо внимание да посветите на исхраната и задолжително да го намалите внесот на масти,
бидејќи исхраната со масти е поврзана со повисоко ниво на тестостерон, одговорен за опаѓање на косата.

Ако косата главно се состои од протеини, логично е исхраната богата со протеини е добар избор за сите оние кои имаат проблем со слабеење на косата.

Поради тоа на нашето мени треба да се најде црвено месо, богато со протеини, железо и цинк, но не премногу често, бидејќи и тие се богати со штетни маснотии. Конзумирајте и соја и
тофу, бидејќи се богати со протеини, а сиромашни со лоши маснотии, додека јајцата и млечните производи се добар начин да обезбедите дополнителен извор на протеини,
хранливи материи и минерали како селен и магнезиум.

Недостигот на железо и цинк е најголем причинител за опаѓање на коса, а виновникот за кршлива коса е и недостигот на витамин А, па поради тоа се препорачува зелен и жолт
зеленчук. Добар извор на железо е и сувото грозје кое игра важна улога во производството на хемоглобин.

Исто така, важноста на витаминот Ц за здравјето на косата исто така е значајна, бидејќи овозможува подобра циркулација околу коренот на влакното, па така материјалите
неопходни за раст на косата побрзо и полесно доаѓаат до него.

Поради тоа задолжнително јадете портокали, а бидејќи за здравјето на косата е важен и витаминот Е, не заборавајте ги ниту бадемите.

Но, една од најчестите причини за губење коса е недостиг на цинк во организмот, бидејќи тој има клучна улога во регулирањето на телесните функции – од репродукција на клетки, па до
рамнотежа на хормони.

Сепак, најважно е оти е битен за жлездите кои се споени со фоликулите на косата, така што доколку дојде до недостиг на цинк во организмот, фоликулите слабеат, а влакната се кршат и паѓаат.

За да го спречите тоа јадете пилешко месо, црвено месо, шкампи и ореви, и при тоа имајте на ум дека и внесувањето преголеми количини цинк може да доведе до опаѓање на косата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП