25 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕНамирници кои ви помагаат да ги намалите килограмите

Намирници кои ви помагаат да ги намалите килограмите

namaluvanjekilogg1

Освен диетите, строгиот режим на исхрана, разните таблети и зголемената физичка активност, постојат и некои финти за слабеење. Има намирници, кои доколку ги земате непосредно пред оброкот ќе го намалат вашиот апетит и бројот на внесени калории.

За среќа сите тие се здрави и евтини, па слободно можете да се опуштите при нивното конзумирање. Што ќе одберете, останува на вас:

Јаболка

Истражувањата покажуваат дека луѓето кои јадат јаболка пред секој оброк, внесуваат 15 проценти помалку калории, за време на истиот. Всушност, сите овошја и зеленчуци даваат чувство на ситост, поради големата количина на вода и влакна кои ги содржат, а јаболкото додатно го произведува и хормонот ГЛП-1, кој праќа сигнали до мозокот, со кои личноста губи апетит.

Црвена пиперка

Научниците докажале дека зачинот на црвената пиперка ја намалува гладта и дава чувство на сила. Состојката одговорна за тоа чувство е капсаицинот, елементот „одговорен“ за чувството на „горење“ во устата, поради кое се намалува апетитот.

Зелен чај

Дали ќе го земате ладен или топол е сеедно. Тој делува извонредно на вашата линија, бидејќи го поттикнува топењето на калориите. Состојката виновна за тоа е катехинот. Истражувањата покажале дека конзумирањето на зелен чај три пати дневно ја зголемува способноста на телото да согорува калории за 40 проценти.

Вода

Добро познато е дејството и неопходноста на водата врз вашето здравје. Доколку се напиете една чаша вода пред самиот оброк, ќе се чувствувате многу посито и „пополно“.

Лимон

Лимонот е извонреден за добрата линија. Првата причина за ова тврдење е пектинот, состојката која го чисти телото од масните наслаги. Освен тоа лимонската киселина ја намалува апсорбцијата на шеќери после оброкот, а витаминот Ц индиректно учествува во брзото согорување на мастите. Како надополнување: оние кои имаат поголеми количества на витамин Ц во организмот, за време на вежбањето согоруваат 30 проценти повеќе масти од останатите.

Алги

Истражувањата покажале дека додавањето алги во било кој напиток, го намалува чувството на глад за 30 проценти. Освен тоа, шејкот од алги е идеален оброк со кој може да се започне денот. Поради формата на гел која течноста ја добива кога ќе дојде до желудникот, се добива чувство на ситост, кое може да трае долго.

Јајца

Протеините кои ги содржат јајцата се најквалитетните, после мајчиното млеко. Научните истражувања покажуваат дека оние кои вклучуваат јајца во својот оброк, подоцна во текот на денот внесуваат значително помалку калории.

Цимет

Освен што има извонреден мирис, циметот помага при намаленото производство на инсулин, кој вишокот шеќери го претвора во масти. Слободно ставете цимет во кафето, житариците, пудингот или слично.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП