25 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОMалдини го менува Галијани во Милан

Mалдини го менува Галијани во Милан

gali maldi

Легендата на Милан, Паоло Малдини се очекува да се врати на менаџерската позиција во клубот, соопштуваат италијанските медиуми. Ќерката на Силвио Берлускони – Барбара се повеќе почнува да го наметне своето мислење во италијанскиот гигант и едно од нејзините решенија е да се врати Малдини во Милан. Потпретседателот на „росонерите“ Адријано Галијани веќе најави дека за неколку дена официјално ќе ја напушти својата функција.

45-годишниот Малдини се очекува да ја преземе функцијата на технички директор во Милан.

Според последните информации Барбара Берлускони веќе разговарала со легендарниот дефанзивец, кој треба да се врати на „Сан Сиро“. Таа си земала задача да го убеди Паоло Малдини да ја преземе функцијата на технички директор.

Како заменици на Адријано Галијани се споменуваат и Рикардо Бигон и Сеан Солиано, но тие имаат многу помали шанси за ја превземаат оваа функција во редовите на Милан.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП